More

    Стојаноска: Добро е што има повеќе публика во театрите

    На една држава и на еден народ театарот им е повеќе од потребен, изјави за Слободен печат професорката на Факултетот за драмски уметности Ана Стојаноска.

    „Театарот е тука да го искоментира општеството, театарот е тука за да ги прикаже аномалиите на општеството, театарот е тука за да биде за публиката, заради тоа што театарот постои за публиката. Затоа и теататорт ни треба повеќе во кризни и во лоши времиња, отколку во времиња кога сме порелаксирани“ рече таа.

    Според неа во последно време очигледно е зголемување на театарската публика, што покажува дека театарот низ вековите постоење успеѓно ги надминувал сите предизвици.

    „Во последно време има посети во театар и има многу публика, сметам дека е тоа добро и сметам дека е многу важно да се вратиме во театар, затоа што едно време бевме приморани да го оставиме театарот поради короната, а и претходно имаше една криза на посетеност каде имаше помалку постителите, каде киното, интернетот ги оддалечија луѓето од театар, но театарот преживувал низ векови и ќе преживува и понатаму и ова е еден доказ за тоа“ кажа Стојаноска, додавајќи дека колку еден театар ќе биде посетен, зависи пред се од пристапот на раководството.

    Exit mobile version