Последни написи

Внимание, на битолчани не им треба аеродром, си имаат култура, a сакаат и опера и балет!

Екипата на Внимание во прекрасната Битола ги прашува битолчани што мислат за својот град.

На прашањето, ако Битола е главен град, кои институции од Скопје би ги префрлиле во Битола, граѓаните дадоа изненадувачки одговори. На прво место, наспроти предрасудите дека Битолчани наводно сакале аеродром, битолчани најмногу рекоа дека сакаат опера и балет, а и министерство за култура! Добивме и други одговори – „централната банка“, „повеќето од половината министерства“, „се што е во Скопје треба да се префрли во Битола, иначе како ќе биди главен град?“

YouTube player

На прашањето „Дали Битола се држи јако, или и падна газо?“, мислењата кај битолчани се поделени. Некои велат „и падна газот“, други велат „и така и така“, трети „се држи јако“, „Битола се држи на најјако ниво досега“, а препознатливиот Паљо заклучува: „Не баш да падна газо скрос, ама тука негде.“

Очекувано, повеќето битолчани на прашањето „Лерин или Скопје?“, даваат одговор – Лерин, но Паљо изненадува: „Наравно дека Скопје, тоа е наш град, Лерин не е наш град.“

Битолчани даваат духовити одговори и на прашањата „Кој е најголемиот битолски кабадаја?“ и „Кој е најпознатиот битолчанец во историјата?“

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Извор: ТРН

Latest Posts

Не пропуштај