Последни написи

Со 2,2 милијарди долари, Климатскиот фонд на ОН ја започнува поддршката на планот на Македонија за енергетска транзиција

Со Инвестицискиот план на Северна Македонија за забрзана енергетска транзиција од јаглен кон чиста енергија, Северна Македониј е на пат да создаде одржлива и инклузивна економија и треба да заштеди над 13 милиони тони емисии на CO2 до 2038 година. До 2030 година, Владата планира да го забрза затварањето на 824 мегавати постојно производство на електрична енергија од јаглен во Битола и Осломеј.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Климатскиот инвестициски фонд (CIF/КИФ) го одобри Инвестицискиот план на Северна Македонија за забрзана енергетска транзиција од јаглен кон чиста енергија во вредност од 85 милиони евра.

Финансирањето на КИФ на Северна Македонија е дел од инвестициската програма за забрзана транзиција на јаглен од 2,2 милијарди американски долари, прва од ваков вид мултилатерална платформа која поддржува транзиција од фосилните горива и кон чиста енергија со концесиски финансии.

Со одобрување на овие средства од ЦИФ, како што велат од Министерството за економија, се обезбедуваат првите фондови за реализација на Инвестициската платформа за праведна транзиција на Северна Македонија во вредност од три милијарди евра која што беше лансирана на Конференцијата за климатски промени (COP 28) на Секретаријатот за климатски промени на ОН во Дубаи на крајот на минатата година.

Со Инвестицискиот план на Северна Македонија за забрзана енергетска транзиција од јаглен кон чиста енергија, Северна Македониј е на пат да создаде одржлива и инклузивна економија и треба да заштеди над 13 милиони тони емисии на CO2 до 2038 година. До 2030 година, Владата планира да го забрза затварањето на 824 мегавати постојно производство на електрична енергија од јаглен во Битола и Осломеј.

Површините на рудникот за јаглен со вкупна површина од 2.707 хектари ќе бидат обновени или пошумени. Финансирањето на ЦИФ исто така, се очекува да овозможи 400 мегавати дополнителен инсталиран капацитет за обновлива енергија и 100 мегавати складирање енергија за да се обезбеди енергетска безбедност.

Со овие средства земјава ќе инвестира во човечки капитал, промовирајќи развој на вештини и пристап до алтернативни средства за живот за да се обезбеди праведна транзиција за илјадници корисници.

Вчера, Министерството за економија го презентираше Инвестицискиот план за забрзана транзиција на јаглен на Северна Македонија пред претставниците на Комитетот на Климатскиот инвестициски фонд, ЕБРД, Светска Банка, ИФЦ и Развојната Банка.

– Владата го подготви Инвестицискиот план во соработка со ЕБОР, ИФЦ и Светската банка, кои ги идентификуваа потенцијалните области за инвестирање и поддршка за иницирање на забрзано затворање и пренамена на електрани и рудници на јаглен, како и зголемување на алтернативите за чиста енергија. Со овој Инвестициски план ја покажуваме нашата цврста посветеност да ја водиме нацијата низ транзицијата кон почиста енергија и намалени емисии на јаглерод. Националните цели се намалување на емисиите на стакленички гасови од нето 82 отсто до 2030 година, во споредба со нивоата од 1990 година, рекоа од Министерството за економија  на презентација на Инвестицискиот план.

Со посветеноста на принципите на Парискиот договор Северна Македонија беше оценета како земја којашто прави значајни чекор кон одржлива и еколошки свесна иднина и со тоа доби пристап до речиси три милијарди евра за енергетска транзиција и безбедност.

Ова треба да се постигне со целосно исфрлање на јагленот пред 2030 година, цел што е во согласност со препораката на Алијансата за транзиција од јаглен кон чиста енергија на земјите-членки на ОЕЦД. Во овој потфат, Северна Македонија воспостави партнерства со Мултилатералните банки за развој и партнерите донатори, со техничка поддршка од Европската банка за обнова и развој.

– Инвестициската платформа опфаќа енергетска транзиција, вклучително и распоредување на обновливите извори на енергија и зајакнување на мрежата, како и поддршка за мерки за праведна транзиција. Платформата е во согласност со главните стратешки документи усвоени од Владата, вклучително и Национално утврдените придонеси и Стратегијата за енергетски развој до 2040 година, особено во однос на постепено укинување на капацитетите на електраните на јаглен до 2030 година, порачаа на презентацијата претставниците на Министерството за економија.

Централно место во соработката за реализација на Инвестицискиот план на Северна Македонија за забрзана енергетска премин од јаглен кон чиста енергија е поддршката за праведна социјално праведна и инклузивна транзиција. Според планот, поддршката за работниците и заедниците погодени од исфрлањето на јагленот, директно и индиректно преку целиот синџир на снабдување, чиј број надминува повеќе од 5.000 луѓе, се состои во овозможување  пристап до нови висококвалитетни зелени работни места и обезбедување локализирани решенија како дел од главните приоритети во текот на овој процес.

Извор: Рацин

Latest Posts

Не пропуштај