More

    Петровска: Членството во НАТО за нас значи огромна потврда на нашата позиција на меѓународен план и голем успех

    „Првата клучна придобивка е тоа што со членството на Северна Македонија во НАТО повеќе никогаш нема да стане збор дали нашиот суверенитет, интегритет и безбедноста на граѓаните може да биде загрозена. Не може. За една држава која има нешто повеќе од 3 децении независност и се наоѓа на Балканот, членството во НАТО значи огромна потврда на нејзината позиција на меѓународен план и голем успех. Значи безбедноста е на прво место, потоа се разбира таа безбедност и стабилност гарантира инвестиции и подобра економска состојба во државата. Бенефитите за Армијата се несомнени,“ истакнува министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за „Локално“, во врска со придобивките на државата од досегашното членство во НАТО.

    Exit mobile version