More

    Говор на омраза, ситење и дезинформации за Мирко Попов откако заврши во болница

    Експлицитен говор на омраза и ситење на партиските ботови откако познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов доби мозочен удар и се бори за својот живот во Клиниката за реанимација и интензивно лекување на скопските клиники.

    Поранешниот новинар Цветин Чилиманов, на својот Х профил напиша: „Шарените лошо го поднесоа именувањето на Бени за директор на МКЦ“.

    Инаку, Чилиманов во 2018 година беше избркан од МИА поради повик за силување и насилство врз дописничката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс. Тој и за Кочо Рацин објавил дека „единствено добро што направил е што умрел на време, пред да се претвори во кодош и денунцијант како Славко Јаневски“. 

    Друштво во ситењето му прави т.н. Миленко Неделковски кој објавил: „Шо кажа? Сите цркви ќе ги запалел?!

    Извесна Бриџит Џоунс – Јоци објави експлицитен говор на омраза и дезинформација за наводна смрт на Попов на својот Х профил: „Цркна уште еден шарен со класична наркоманска дијагноза РИП Мирко не дочека „да ни влезе во задникот“.

    Првичната „вест“ што ја објавија дел од медиумите беше дека Мирко Попов е примен во болница под дејство на алкохол и психотропни супстанци.

    Ваквите ликови кои се ситат на туѓа несреќа не се ниту за коментирање. Поголемиот дел од јавноста се спротивставија на говорот на омраза на социјалните мрежи и му посакаа брзо опоравување.

    ЦМТ

    Извор: ЦивилМедиа.мк

    Exit mobile version