More

    Ѓорѓиевски: Еразмус е синоним за квалитет, креира можности за учење за сите возрасти

    Европа на дланка преку Еразмус, најпрепознатливата и најдобро прифатена образовна програма на Европската унија во државава. Иако не е членка, 10 години Македонија е вклучена во Програмата на ЕУ за поддршка на образованието, обука на младите и спортот во Европа – Еразмус.
    Со буџет од 4,3 милијарди евра, Еразмус+ годинава продолжува да ги поддржува транснационалните проекти за ученици, студенти и лица вклучени во стручното образование и обука, како и за програми за неформално образование за возрасни, за едукатори и и за млади луѓе низ Европа. За Северна Македонија се одвоение повеќе од 6 милиони евра.
    Интересот за Еразмус+ програмата од година в година рапидно расте, а за тоа сведочати огромниот број на апликации. Статистиката говори дека само во 2022 година, во оваа програма биле вклучени 10.000 учесници. Споредбено со изминатите 8 години, во Еразмус се вклучиле 30.000 корисници на европскиот грант.
    Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која го “менаџира“ процесот на Еразмус+ е целосно фокусирана на искористување на можностите кои ги нуди програмата. Директорот Марко Ѓорѓиевски вели дека особен фокуси им е да допрат до сите региони на државата, да ги едуцираат и информираат сите потенцијални институции затоа што несомнено фидбекот е очигледен. Минатата година пристигнела повеќе од 400 апликации од 40 различни места од земјава.

    -​„Учесниците ги подобруваат сопствените јазични вештини, креираат мрежа за соработка со европските партнери, дигитално напредуваат, но се фокусираат и на спроведување на зелени и инклузивни образовни политики. Сето ова носи позитивен ефект во македонскиот образовен систем и негово доближување кон европските стандарди а со тоа се менува и подобрува нашето општество. Мобилностите и проектите директно влијаат на подобрување на квалитетот на образовните процеси во нашата земја во насока на унапредување на вештините и компетенциите кои ги зајакнуваат учесниците“.
    И покрај скандалот во Националната агенција за европски образовани програми и мобилност со злоупотреба на европските пари, Ѓорѓиевски вели дека угледот во Брисел не е нарушен. Во изминатите три години со посветено и транспаретно работење институцијата е вратена на колосекот на европската доверба и сигурност.
    -​„Преземајќи го раководењето со институцијата кај мене беше присутно чуство на силна мотивираност да градиме една европски почитувана институција. Тоа беше период кога во јавноста беше разнишан угледот на институцијата и главниот фокус беше поставување на темели на доверба и сигурност. Преземавме значајни чекори кои преку едно транспарентно и посветено работење донесоа позитивни оценки кај потенцијалните корисници на програмата и европските партнери. Резултатите се видливи да денес во континуитет имаме рекорден број на апликации во различни области, отворен и партнерски однос со јавноста и целосна достапност за медиумите“.
    Ѓорѓиевски вели дека во континуитет работат на подобрување на процесите кои носат квалитет, транспарентност и доверба во работењето. Ако во минатото постоеше сомнеж дека евалуаторите (тие што ги оценуваат проектите) се првата алка во можна манипулација на целиот систем, таа можност за злоупотреба сега е елиминирана.
    -​„Преку јавен повик беше креирана досега најбројната база од над 70 надворешни експерти-евалуатори кои ги оценуваат предлог-проектите и финалните извештаи на завршените проекти. Оваа база дополнително се прошири изминатиов период со оглед на тоа дека имавме нов јавен повик пред само некој месец што е согласно европските барања во духот на транспарентноста и отчетноста. Воведовме автоматско распределување на предлог-проектите за оценување кај евалуаторите преку јавно доделување со цел транспарентност и отвореност на целокупниот процес. На нашата веб страна може денес да ги видите и добитните, но и проектите на резервна и одбиена листа што порано не се практикуваше. Дополнително, воведовме јасно дефинирана процедура за работа на евалуационата комисија. Ова се дел од чекорите кои како Национална агенција ги донесовме со цел градење на доберба, углед и сигурност во пошироката јавност“.
    Директорот на Националната агенција вели дека нашите наставници, ученици, студенти знаат да пишуваат Европски проекти. Искуството од мобилноста покажало дека нивото на образование на нашите корисници на Еразмус+ не е пониско од европското и тие не каскаат зад своите врсници во Европа.

    Exit mobile version