Последни написи

Близнаковски: Нашите иселеници се плашат од корупција, затоа малку вложуваат во директни инвестиции во државава

Факт е дека нашите иселеници малку вложуваат во државата, нашите иселеници ја следат ситуацијата и прво што ме прашуваат кога ќе имам средба со иселениците е кога ќе се спречи таа голема корупција во нашата држава, порача во интервју за Слбоден печат, Слободан Близнаковски, директор на Агенцијата за иселеништво.

„Нашите иселениците стекнатите пари, заштедите не сакаат така лесно да ги вложат во Македонија, плашејќи се дека некој корумпиран службеник, некој бирократ ќе се обиде дел од тие пари да им ги земе. Треба да размислиме да им дадеме доста погодоности на иселениците за тие својот капитал да го вложат тука. Не треба да измислуваме топла вода туку ете може да го примениме тоа што го практикува Израел на пример“ посочи тој.

Близнаковски додаде и дека Агенцијата што тој ја предводи, нема иста улога како што имаат слични институции во други држави, кои според него, фунлционираат на далеку повисоко ниво.

„Многу развиени држави на ниво на влади имаат свои министерства или агенции за иселеништво како нашата и се внимава тие институции да имаат достојно место во самата држава. За разлика од тоа, кај нас Агенцијата не се доживува така и нема соодветен третман“ рече Близнаковски додавајќи дека иако секоја година се бара поголем буџет, сепак од година в година буџетот на Агенцијата не само што не се зголемува, туку тој во последната година и се намалил.

Извор: СлободеПечат

Latest Posts

Не пропуштај