Последни написи

Скаменети хористи

Сузан Грифин, во “Хорот на камењата (A Chorus Of Stones)” преку согледбите за меѓузависноста на јавниот живот и приватните трагедии, укажува дека секој од нас е дел од една поголема нарација; и дека никој од нас не може да избега од моралните дилеми на своето време. Ќе се сложам целосно со нејзините тврдења, кои произлегуваат од уникатни анализи на личните страдања поврзани со војните.

Значи, поентата е дека: никој од нас не може да избега од моралните дилеми на своето време.

Но, ми се чини дека овде, на сцена имаме една хористичка патрдија, која упорно се обидува да ја избегне токму моралната одговорност на предизвикувачките актуелности на своето време.

Штета! Каква самодоволност и социопатија, би рекла.

Прво, ајде грубо да видиме кои би биле моралните дилеми на нашето време? Како тие рефлектираат и резонираат на тлото на нашиот локус? И, конечно, кои се нашите скаменети хористи?

Денес мили мои, светот се тресе, а моралните мета позиции прекршуваат врз разнишаниот хуманизам на глобално ниво. Тој, најпрво, е предизвикан директно и највулгарно од воено екстерминаторство како она во Украина, но не само таму.

Второ, постпандемичните енергетско-кризните брзорастечки “растројства” од секаков вид ја разнишаа и отпорноста на луѓето како такви, а со тоа, хуманизмот повторно е предизвикан.

Трето, дигиталната и рапидна неолиберална трансформација на социо-економските устројства долж глобалниот простор се дополнително стимулативни за сите можни видови на нехуманистичка нус продукција.

Четврто, пред нос ни се одвива страотна тензија и натпревар, судир меѓу либералната и илибералната демократија, и веќе видливи се последиците од отворената наезда на разните видови тоталитарни режими, авторитарни идеологи, однесувања и сл. Како пред ВСВ.

Дали ние што живееме овде, во Македонија, сме свесни за овие состојби? И, оттука, каква може и каква треба да биде нашата МОРАЛНА позиција кога директно се засегнати регионалниот, европскиот и светски мир? Мала држава како нашата не би смеела да си дозволи аморалност во врска со овие нешта (прво заради себеопстанок во смисла на гол живот (bare life), и секако во контекст на општото и универзално добро). Не можеме, мили мои, сега кога Финска и Шведска после вековна неутралност побара да влезат во НАТО, ние, кои сме полноправна членка, сè уште да имаме дилеми околу тоа. Да не зборувам за тотално неодговорните политичари кои заговараат напуштање на НАТО.

Па вие не само што сте аморални, вие сте една голема приватна трагедија со страотна јавна последица.

За војна ли сте, директно, да прашам?

Предлагам, наместо да дрочиме како скаменети хористи, кои тежнеат да се самоперцерипаат ексклузивно во минатото, во анахроноста, и да чучат во старите и рѓосани лимени конзерви и врз основа на тоа да ги игнорираме реалните состојби кои ни се одвиваат тука пред носот, да ја преземеме и моралната одговорност, врзана за нашиот опстанок.

Недозволиво е и неморално, пред се, да немаме став за ЕУ (што е најуспешниот политички мировен и демократски проект, докажано хуманистички и антропоцентричен).

Неупатно е, да немаме став за случувањата во Украина и инвазијата на Русија врз суверенитетот на оваа земја.

Катастрофално е истото да го правиме и со демократијата.

Овде кај нас, хорот на камењата пикнати во лимените конзерви е толку утабан во наци догматизам, што продаваат божемни “морални” позиции, на ист начин како што Хитлер продавал етика кога ги чистел ариевците од вишокот човечко месо.

“Чистата нација” другачиња, не е морална позиција! Исто како што гасната комора не е тоа!

Моралните позиции се градат врз етичките консидерации, а овие пак се научно-логички категории. И тука нема простор за релативност. Етиката е цела наука и не е приватна импресија. Импресиите ги претворивте во политика, без трошка морална одговорност.

Срамота и греота!

И самоубиствено, пред се.

Се знае точно што е добро, а што е зло!

Со други зборови, хорот од камењата што клечи во лимени конзерви, и што нит-смрди-нит-мирише, ниту разбира, ниту го интересират комплексностите на социополтичкиот контекст. Својата “божемна” морална позиција ја гради исклучиво од себе-центричното и пред се анксиозно непосредно искуство  страв, омраза, етноцентро статус кво), и тука нема трошка морал. Тука има само самоодбранбени заблуди. Таквата позиција консеквентно, не може никако да биде оправдана (морално/етички) туку може да биде само себезалажувачка ! Но со трајни последици по животот (дури и нивниот).

Судирот против моралноста видливо го доби својот политички рефлекс преку МПЦ, дел од МАНУ, доминатните во ВМРО, ЛЕВИЦА пер се, РОДИНА МАКЕДОНИЈА, ДЕСНА – убијците, и други слични патриотски купусни лисја. Ние останатите, што веруваме во хуманизмот и се бориме за негово опстојување, сега фактички сме принудени да ја третираме како релевантна таа аморалност! Каков парадокс. И покрај тоа што кај неа отсуствува морална робусност.

Ми се чини дека консензусот не успеа, токму, од една ваква подлабока причина: неможноста да се помешаат маслото со водата, напр. “Помирувањето” ќе има(ше) цврсто тло само доколку фундаменталните морални категории беа разбрани барем слично: демократијата, уставот, мирот, соживотот. Но, тоа не е така затоа што скаменетиве хорости од лимените конзерви не ја капираат стварноста. Тие, не прифаќаат дека времињата се поинакви од оние од каменото доба и имаат свои специфични предизвици, и дека за тие предизвици мора да се донесуваат одлуки- макар и тешки! Па и една амеба има повеќе желба за адаптација кон животните околности, за разлика од лимената конзервата, која останува така заборавена и ветвее со текот на времето.

Сепак, како што вели Грифин, никој од нас не може да избега од моралните дилеми на своето време! Значи, нема каде да бегате, жалам. Иако сте во конзервите и тие ќе ви дотраат па ќе мора да се соочите со реалноста и да одговорите на клучните прашања врзани за опстанокот на Македонија во доба на рапидни цивилизациски промени.

Толку.

Извор: Либертас

Latest Posts

Не пропуштај