More

    Ѓоргиевски: Од минатата година македонскиот јазик е официјален и може да го учат сите во Еразмус програмата

    „Да се пофалиме и гордееме дека од 2023 година македонскиот јазик е официјален и можат сите да го учат. Сите студенти, професори, наставници кои би сакале да дојдат тука преку Еразмус програмата имаат можност шест месеци претходно да го учат македонскиот јазик“ рече Марко Ѓоргиевски, директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на трибината „ЕУ за младите“.

    Тој додаде дека тоа го издигнува македонскиот јазик на едно ново ниво во Европа и се зачувува и истакнува македонското.

    „Преку европски фондови си ја оживуваме културата од минатото. Преку европски грантови можеме да го истакнеме македонското“ рече Ѓоргиевски.

    Exit mobile version