Последни написи

Допис на НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој ги отфрла тврдењата

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, бил одбиен за добивање на безбедносен сертификат од НАТО, известуваат од А1он кои се повикуваат на документ кој бил испратен во нивната редакција.

Според документот што го добиле во А1он, како што посочуваат, Службата на НАТО за безбедност покажала дека тој не ги исполнува стандардите за да добие безбедносен сертификат.

Ковачки пак, за А1он вели дека не е точно дека бил одбиен за НАТО сертификат, со тврдење дека не го повлекол барањето за добивање на НАТО сертификат.

„Не, неточно е дека сум одбиен за НАТО серификат. Неточно е и дека сум го повлекол барањето за добивање на НАТО сертификат. Тоа е бледа конструкција на Шекерниска и Славјанка кои немаа друг начин да ме дискредитираат во јавност па преку свои канали во Брисел кодошеа и клеветеа, исто како што клеветеше и Ковачевски кој избега од судење и не се извини за изнесените лаги токму на темата. Впрочем, ако сум го повлекол барањето, како може да сум одбиен? Нека бидат мажи и нека извадат се’ што имаат исконструирано и добиено како одговор од НАТО за мене во јавност“, рече Ковачки за А1он.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај