More

    Старо изборно ветување на ДУИ препакувано како ново на социјалните мрежи и дел од медиумите

    На социјалните мрежи и во дел од медиумите се прошири „вест“ дека „ДУИ во програмата планира 4 часа работно време во петок“.

    Порталот Шило магазин на 25 февруари 2024 објави дезинформација дека партијата ДУИ во својата програма за изборите ќе предложи петоците да се работат со скратено работно време.

    Еден ден претходно, на 24 февруари 2024, на социјалната мрежа Х, профилот Злобната објави скриншот од веста од Канал 5 дека ДУИ во програмата планира 4 часа работно време во петок, со коментар: „Едно неисполнето верување… за ова ли се боревте?, без да наведе дека „веста“ е од 2020, а не дека е сега.

    Всушност оваа вест е стара и објавена пред 4 години (10 јануари 2020), односно на претходните парламентарни избори.

    Ваквите манипулативни објави со цел да се добие некој политички поен, предизвикуваат говор на омраза, етничка и верска нетрпеливост.

    Извор: ЦивилМедиа

    Exit mobile version