Последни написи

Јадровски: Се очекува зголемување на вознемирувачкиот говор на изборите, ДИК е утврдениот дискриминатор во остварување на гласачките права на лицата со попреченост

Претседателските и парламентарните избори оваа година ќе ги мониторира и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Спречување на вознемирувачки говори и дискриминација при остварување на гласачкото право на  одредени категории граѓани, како и во насока на постапување на одредени пријави за вознемирување и дискриминација за време на изборите ќе биде фокусот на Комисијата во нејзиното изборно мониторирање.

Во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА, претседателот на КСЗД, Игор Јадровски, потенцираше дека целта им е да бидат присутни и видливи во мониторингот на медиумите и на соицјалните мрежи, каде се очекува најмногу да има вознемирувачки говор, со цел навремено да се санкционираат таквите наративи.

YouTube player

Јадровски истакна дека во граѓанските организации, вклучително и ЦИВИЛ со која КСЗД ќе сорабтува, гледа клучен партнер во сведување на дискриминацијата на минимум.

„Планираме да направиме и посебен обрзец за вознемирувачки говор, нешто што сметаме дека ќе го олесни пријавувањето. Законот предвидува минимум услови што треба да се исполнат, но не и во каква форма треба да биде образецот“, најави Јадровски.

„Проблемот со вознемирувачкиот говор за време на изборите е што треба многу пократка или многу поефикасна постапка за да се отстранат штетните последици. Ќе дадам еден пример од локланите избори 2021 година. Имавме случај на вознемирувачки говор на медиум, во дебатна емисија, каде имавме страшен вознемирувачки говор врз основа на полов и родовиндентитет од еден кандидат кон кандидатка кој, парафразирам, рече дека незје не и е местото во политиката, би било добро да остане дома, во кујна и да ја средува куќата. Тоа е флагрантен вознемирувачки говор каде апсолутно е јасна намерата и каде што што и да одговори потенцијалниот дискриминатор согласно важечката постапка, не моѓе да го смени фактот дека вознемирува. Целата постапка се заврши година дена по дадената изјава. Еве и да се извинил за неговата постапка, каков ефект има неговото извинување по една година. Во вакви слуачи, мое мислење е дека законот треба да предвидува одредени исклучоци каде што ќе имаме некаква скратен постапка каде ќе можеме да носиме мислење“, изјави Јадровски.

Очекувањата на Јадровски за овие избори е дека ќе има зголемување на вознемирувачкиот говор, но како Комисија нив им е многу поважно колку тој говор ќе се пријавува, со оглед дека екс официо може да постапува кога се работи за поголем општествен интерес, се работи за поголема група на граѓани таргетирани со потецијалниот акт на дискриминација.

Доколку се воздржат учениците во изборната трка, според Јадровски, од говор на омраза и вознемирувачки говор, намалувањето на штeтноста од нив ќе има поголем ефект во предизборните кампањи.

„Дали тоа ќе се случи? Не сум наивен. Не мислам дека така ќе биде, па оттука очекувам да има и зголемен број на случаи на вознемирувачки говор и говор на омраза“, додаде Јадровски.

„Модус операнти како да се реши проблемот го оставаме на утврдениот дискриминатор, т.е. во овој случај Државната изборна комисија. Даваме некакви општи насоки што треба да биде обезбедено. Тоа значи дека до и во избирачките места мора да има пристапност, мора да има разбирливи материјали, пристапни за сите гласачи и мора да се овозможи гласачите што имаат физичка и сензорна попреченост, да можат тоа право да го остварат достоинствено, на еднаква основа со другите“, истакна Јадровски, одговарајќи на прашањето кои се препораките на КСЗД во однос на остварување на правото на глас и пристапноста до гласачките места на лицата со попреченост.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај