Последни написи

Селими: ВМРО-ДПМНЕ остана албанофобна партија која работи на зголемување на јазот меѓу Македонците и Албанците

Политичкиот аналитичар и новинар Сефер Селими во интервју за Слободен Печат рече дека меѓу двата круга од претседателските избори, партиите од албанскиот политички кампус ќе решат кон кој кандидат од вториот круг ќе ја приклонат поддршката.

Сепак, смета Селими, малку веројатно е дека некоја од албанските партии јавно би застанала зад Гордана Силјановска Давкова, првенствено заради тоа што кај Албанците ВМРО-ДПМНЕ се уште се гледа како алабнофобна, ретроградна партија.

„Тешко дека опозицијата во албанскиот блок ќе се определи јавно да даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Давкова, затоа што ВМРО-ДПМНЕ кај Албанците се уште претставува една ретроградна партија, која со години води јасна албанофобна политика, барем во јавните настапи и во нивниот наратив. Од друга страна коалицијта што ја направи во 2021 година на локалните избори ја чинеше албанската опозиција 30 000 гласови. Тогаш Алијанса за Албанците и Алтернатива од 80.000 гласови на изборите во 2020 во 2021 изгубија 30.000 гласови поради ВМРО-ДПМНЕ. Жално е што ВМРО-ДПМНЕ не успева да се надмине и со своето дејствување се уште го држи и го зголемува јазот меѓу Македонците и Албанците“ посочи Селими.

Извор: СлободенПечат

Latest Posts

Не пропуштај