More

    Бојмацалиев: Над 48 илјади граѓани се сликани за пасош, но не се одобрени и не се испечатени, 44 илјади од нив се во Скопје

    „На ниво на државата над 48 илјади пасоши не се одобрени. Луѓето се сликани, но се одобрени за печатење со што се пробива законскиот рок. За лични карти бројката е околу 33 илјади“ рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за Сител.

    Тој додаде дека само на територијата на Град Скопје, бројката на сликани, но неодобрени пасоши е 44 илјади, додека за лични карти е околу 30 илјади.

    „Со ова се потврдува тезата дека внатрешноста е скоро завршена и граѓаните ги имаат своите лични документи, останува само Град Скопје“ рече Бојмацалиев.

    Тој додаде дека службениците макотрпно работат, но мора да се внимава на целиот процес.

    Извор: Сител

    Exit mobile version