More

    Избори под нишан

    Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
    Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

    На 15-17 март 2024 година, рф планира да ги одржи таканаречените претседателски избори. Државата агресор рф планира да ги одржи овие избори и на привремено окупираните територии на Украина – во Автономната Република Крим и градот Севастопол, делови од Донецката, Луганската, Запорижската и Херсонската област.

    Јасно е дека одржувањето на таканаречените избори за претседател на рф на привремено окупираните територии на Украина е континуирано продолжување на кршењето на нормите и принципите на меѓународното право, особено на Повелбата на ОН, од страна на државата агресор која незаконски го зазема местото на постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

    Под закана од репресии и тортури, државата агресор рф лови Украинци кои живеат на овие територии за да го собере нивниот „израз на волја“ во псевдоизборна кутија.

    Руската пропаганда веќе нацрта бројка од 80-90% на таканаречената поддршка од Украинците на привремено окупираните територии на кандидатот по кого Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење за нелегална депортација на украински деца.

    Изборот на рф – запалената Авдијивка

    Така, рф продолжува со своите незаконски обиди да ја легитимира својата окупација и да ги интегрира жителите на привремено окупираните територии во политичкиот систем на рф.

    Одржувањето на таканаречените претседателски избори од страна на државата агресор рф на суверената територија на Украина се незаконско дејствие, според тоа, резултатите од таквите претседателски избори нема да имаат никакви правни последици.

    Централната изборна комисија на Украина истакна дека учеството во набљудувањето на „изборите за претседател на рф“ организирани на привремено окупираните територии на Украина е соучество во злосторничките дејствија на државата агресор.

    Ваквите дејствија имаат знаци на кривични дела, вклучително против основите на националната безбедност на Украина и во врска со нелегалното преминување на границата на Украина со цел да ѝ се помогне на државата агресор во нарушувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

    Изборот на рф – уништениот Мариупол (фото извор: Радио Свобода)

    Со оглед на Повелбата на ОН, Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, Женевската конвенција за заштита на цивилното население во време на војна, одлуката и активностите на рф за одржување на претседателски избори во привремено окупираните територии на Украина мора да бидат осудени; соодветно, претставниците на демократските држави не можат да учествуваат во набљудувањето на таканаречените избори за претседател на рф.

    Злосторничкиот владејачки режим на рф ја започна најголемата неиспровоцирана воена агресија против суверена држава, Украина, уште од времето на Втората светска војна. руската авијација и артилерија до темел ги палат украинските градови и села, со комбинирани ракетни напади рф секојдневно убива цивили. Украинците секој момент се бранат себеси и ги бранат општо признатите човекови вредности.

    Демократскиот свет не може да ги признае резултатите од претседателските избори на рф, кои се организираат со употреба на принуда и закани, немаат никаква врска со меѓународното право и ги искривуваат општо признатите демократски принципи и стандарди за спроведување на изборите.

    Извор: ЦивилМедиа

    Exit mobile version