More

    Машиновозач, оџачар, пилот не се повеќе само машки професии

    Пилотка, Електромонтерка, Оџачарка, Таксистки, Машиновозачки беа дел од средбата Гласни и храбри 2, која ја организираше Министерството за труд и социјална политика во која се претставија жени со необични професии. Необични избори кои не се покажале дека се лоши одлуки и токму затоа сите тие жени се успешни во тоа што го прават.

    На средбата се обратија и првата дама, Елизабета Пендаровска, сопруга на претседателот на државата, Стево Пендаровски и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска кои исто така се навратија на нивните лични примери и заложби кои ги прават за подигнување на свеста за родова рамноправност во професионалниот сектор.

    Како што истакнаа сите жени учеснички на оваа средба, родовата еднаквост со нивните кариерни избори се потврдува уште еднаш. Скоро веќе и да не постојат машки и женски професии, жените одлично се снаоѓаат и во она што досега се сметаше како „машка“ професија.

    Извор: ТРН

    Exit mobile version