More

    Хелсиншки комитет за ЦИВИЛ Медиа: Младите најчесто се вклучени во пристрасно мотивирани инциденти, и како сторители и како жртви

    Во изминатиот месец имаме неколку случаи на врсничко насилство, кое за жал, еден случај заврши и со убиство во Прилеп, во два различни инциденти меѓу малолетници во Скопје имаше обиди за убиство со употреба на ножеви, како и употреба на огнено оружје од страна на малолетник во паркот во Чаир.

     

    Од Хелсиншки комитет за човекови права за ЦИВИЛ Медиа велат дека од 2014 година ги следат и ги регистрираат ситуациите со делата од омраза и ги регистрираат сите инциденти на платформата www. zlostorstvaodomraza.com. Етничката основа речиси секоја година го зазема најголемиот дел од основите за извршените злосторства од омраза. Младите лица сѐ уште најчесто се вклучени во пристрасно мотивирани инциденти, и како сторители и како жртви, велат од Хелсиншки комитет на прашањето – што преземаат и што ќе преземат како граѓанска организација за човекови права во врска со зголеменото насилство меѓу младите каде што неретко се користи и ладно оружје?

    „Освен во физичкиот простор врсничкото насилство зема замав и во дигиталниот простор, токму затоа креирањето на безбеден дигитален и интернет простор за младите треба да биде приоритет за секоја држава. Се поголемата употреба на технологијата и користењето на социјални мрежи од страна на младите носи одредени ризици за злоупотреба на нивните податоци, насилство, вознемирување“, велат Хелсиншки.

    Од Хелсиншки комитет додаваат дека во оваа тековна година спроведуваат проект ,,Креирање на побезбедна дигитална средина за младите” кој има за цел да ја подигне свесноста за безбедноста на младите во дигиталниот простор како и да ги унапреди знаењата на средношколците за теми поврзани со дигитални права, како заштита на личните податоци, сајбер насилството и малтретирањето и дигитално родово базирано насилство. За таа цел Хелсиншки комитет ќе организира летни школи во текот на летниот распуст со истакнати експерти во областите.

    Извор: ЦивилМедиа

    Exit mobile version