More

    Санчез на Самитот на ПЕС: Ние сме тие европјани што веруваат дека заедно сме посилни од разделени

    „Ние сме повеќе од Партија на европски социјалисти. Ние сме партијата на тие европјани што веруваат дека заедно сме посилни од разделени. Дека социјалната држава е најефективна алатка за обезбедување добар квалитет на живот на сите. Дека социјалната правда и правата на работниците не се пречка, туку основа за вистински економски натпревар. Дека можеме да се бориме и со климатските промени и да обезбедиме одржлив раст, без да запоставиме некој“ рече премиерот на Шпанија, Педро Санчез на изборниот конгрес на Партијата на европски социјалисти.

    Тој додаде дека социјалдемократијата не е само идеологија и политичко движење, туку и верување во промена и верба дека и покрај потешкотиите и противењето на елитите, општествата може да станат поправедни, прогресивни и одржливи.

    „Духовите од минатото повторно се пред портите на нашите институции – омраза, алчност, лаги, негација на климатските промени, авторитарност. Тие се опремени со нови дигитални оружја и имаат силни сојузници во и вон Европа. Но ќе ги победиме, како што ги победивме и претходно и ќе продолжиме да градиме нова и подобра Европа“ рече Санчез.

    Шпанскиот премиер додаде дека Европа ќе остане тоа што секогаш била, светилник за
    слободата, демократијата и човечкото достоинство.

    Exit mobile version