Последни написи

Фредериксен: Путин не ја напаѓа само Украина, туку целиот меѓународен ред базиран на право

„Војната во Украина целосно ја промени реалноста во и за Европа. Повторно војната е на наша територија. Путин не ја напаѓа само Украина, туку го напаѓа и целиот меѓународен ред базиран на право. Убиваат илјадници луѓе и Русија се обидува секаде да го дестаблизира светот. Го право тоа и на Блискиот исток, во Африка и во нашите држави со дезинформации, хибридни напади и лажни вести“ рече данската премиерка Мете Фредериксен на изборниот конгрес на Партијата на европски социјалисти.

Таа додаде дека Европа не само што треба да продолжи да ја поддржува Украина, туку треба и да ја засили поддршката и да се држи до дадените ветувања, особено кога станува збор за муниција.

„Не се победува во војна само со зборови. Ветивме дека ќе им помогнеме, сега треба да го испорачаме тоа. Мора да ја засилиме воената поддршка, ако сакаме Украина да успее. Мора да разбереме дека нивната борба за слобода е борба за европска слобода, а слободата доаѓа со цена“ рече Фредериксен.

Данската премиерка додаде дека со две војни блиску до Европа и глобална трка за напредок на технологијата, Европа мора да инвестира повеќе одбрана и да преземе одговорност.

„Мора да ја засилиме нашата соработка, внатрешно во ЕУ и мора да растеме. Проширувањето на ЕУ не е само за Европа, туку е поради новата политичка ситуација“ рече Фредериксен.

Latest Posts

Не пропуштај