Последни написи

Руската онлајн кампања за уништување на Јулија Навална

Профили на социјалните мрежи, веб-страници поддржани од Кремљ и различни канали на Телеграм-сите работат во координација и објавуваат лажни вести за вдовицата на Алексеј Навални.

Во пресрет на ненадејната смрт на Алексеј Навални во оддалечената казнена колонија на Арктикот минатата недела, неговата сопруга Јулија Навалнаја се појави како ново лице на руското опозициско движење. На интернет се појави широко распространета, координирана и мизогинска кампања за дезинформации со цел да се наруши нејзината репутација.

Лагите за тоа дека Навална имала афери и абортуси и дека не се грижи за смртта на нејзиниот сопруг,се споделуваат на каналите на Телеграм, руските државни медиуми и профилите на социјалните мрежи контролирани од групи блиски до Кремљ.

Кампањата, која содржи лажни видеа и изработени слики, продолжува да добива на интензитет додека Навална зборува за смртта на Навални и го критикува рускиот претседател Владимир Путин – ова го кажуваат деталите од кампањата споделени со WIRED од страна на истражувачите во Reset- непрофитна организација со седиште во Лондон која следи кампањи за дезинформации.

Главниот фокус на кампањата е дизајниран да направи Навална да изгледа нелојална на нејзиниот сопруг, тврдејќи дека има повеќе афери со истакнати бизнисмени и новинари.

Кампањата против Навална всушност започнала неколку недели пред да почине нејзиниот сопруг. На почетокот на февруари, една веб-страница објави напис во кој се наведува афера меѓу Навална и бугарскиот новинар Христо Грозев, врз основа на видео што наводно го продуцирал поранешен вработен во Антикорупциската фондација на Навални.

Во тоа време, приказните не допреа до голема публика и не го привлекоа вниманието на проверувачите на факти. Неколку часа по објавувањето на смртта на Навални на 16 февруари, написите беа широко распространети на каналите на Телеграм на руски јазик, како и на профилите и блоговите на други јазици како што се фински, холандски, германски, италијански и англиски. Еден од најголемите профили за ширење на дезинформациите беше руската ТВ личност, која стана про-Кремљ блогер – Владимир Соловјов, кој има речиси 1,3 милиони следбеници на Телеграм.

Во текот на следните неколку дена по веста за смртта на Навални, Соловјов сподели повеќе содржини дизајнирани да сугерираат дека Навална има афера, вклучително и слика на која се чини дека Навалнаја го прегрнува рускиот претприемач Евгениј Чичваркин, кој во минатото ја финансираше работата на Навални.

Оригиналната слика, направена во 2013 година, ја прикажува Навалнаја како го прегрнува својот сопруг откако тој беше ослободен од затвор. Сликата веќе постои неколку години, а истражувачите на Ресет пронајдоа примери за нејзино споделување на интернет во 2021 година. Лажната слика беше нашироко разоткриена од проверувачите на факти.

Профилот на Навална на социјалната мрежа  X, беше суспендиран кога автоматските системи на платформата активираа предупредување откако таа собра 100.000 следбеници во рок од само три дена. Додека таа се бореше да го врати својот профил , другите на платформи се обидуваа да ја поткопаат нејзината кампања за правда за нејзиниот сопруг со споделување видео во кое се тврди дека Навалнаја ја лажира својата тага поради смртта на нејзиниот сопруг.

Извор: ТРН

Latest Posts

Не пропуштај