Последни написи

Матевски: Планот за производство во РЕК Битола не е променет, обезбедуваме 100% од електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи

Зборувајќи за годишниот план за работа, директорот на РЕК Битола Пеце Матевски во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 рече дека тој не се менува секој месец како што обвинуваат некои политички партии, туку дека е тој е донесен уште во 2023 година и по него се постапува.

„Планот за производство во РЕК Битола не е променет, не е намален ископот на јаглен, нити пак е промент планот за увоз на јаглен. Според планот за 2024 година, ние треба да обезбдедиме 4,5 милиони тони јаглен и уште еден милион тони јаглен да се набават со увоз. Мора да објаснам дека јагленот што ние го ископуваме и експлоатираме е со ниска калорична вредност и тој јаглен ние мораме да го мешаме со увозен јаглен, се со цел да имаме повеќе моќност, повеќе произведени мегавати на енергија“ рече Матевски, додавајќи дека истите тие што сега обвинуваат за менување на планот, во 2021 година тврделе дека РЕК Битола ќе се затвори.

„Во 2021 година некој потпиша дека ќе се затвори РЕК Битола, но за тие што плукаат сега им покажавме дека може подобро. Ете, РЕК Битола не е згасната, прозиведува електрична енергија. Да не заборавами дека нас Владата не задолжи да обзбедеиме 100 посто струја за ЕВН, за малите потрпувачи, за јавните објекти, и ако сакаме тоа да го направиме ние мора да имаме поголемо производство а за поголемо производство потребна ни е поголема количина јаглен“ порача Матевски.

Извор: ТВ24

Latest Posts

Не пропуштај