More

    Забрчанец: Украинското херојство е двегодишна одбрана на украинската и светската демократијата од крвавата агресија на Путин

    По повод двегодишнината од крвавата руска агресија врз Украина, националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи – Марјан Забрчанец, истакна целосна поддршка на украинскиот народ.

    „Даваме целосна поддршка на украинскиот народ во нивната борба за слободна и суверена територија, за мир и за безбедност. Двегодишното украинско херојство е двегодишна одбрана на украинската и светската демократијата од крвавата воена и еднострана агресија предизвикана и водена од Путин“, истакна во објава на Фејсбук, Забрчанец.

    Вчера, Амбасадата на Украина, во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода, организираа голема конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, во Музејот на македонската борба за независност.

    Македонскиот претседател Стево Пендаровски и Амбасадорката на Украина Лариса Дир беа првите говорници на конференцијата, а по нив следеа обраќањата на премиерот Талат Џафери, вицепремиерите Бојан Маричиќ, Славица Грковска, министрите Бујар Османи и други високи претставници на државните институции.

    Фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ
    Во втората сесија на оваа конференција говореа дипломатските претставници на ЕУ, САД, Велика Британија, Шведска, Албанија, Чешка, Франција, Јапонија, Германија, Полска и Литванија.

    Во музејот беа поставени и две изложби. „Проект Украина: Доживување на војната“, електронска изложба со виртуелна реалност и „Поштенска картичка од Украина“, изложба на фотографии.

    Беше промовирана и книгата „Украина – години на хероизмот“ од Џабир Дерала.

    Извор: Фронтлајн

    Exit mobile version