Последни написи

(ВИДЕО) „Полиграф“: Путин дезинформира, Медведев го демантира – дали руската нуклеарна закана е имагинарна?

Медиумите треба да бидат крајно внимателни кога пренесуваат изјави на руските политичари поврзани со нуклеарни закани.

На 9 февруари 2024 година, во текстот: „Интервју на Карлсон со Путин: Нема закана од глобална војна, Русија и Украина ќе се договорат“, Слободен Печат некритички го пренесе тврдењето на Путин за „имагинарна руска закана“.

Во текстот пишува: „Карлсон го праша Путин дали НАТО е загрижен дека ова ќе стане глобална војна или нуклеарен конфликт. / Барем за тоа зборуваат и се обидуваат да го заплашат сопственото население со замислена руска закана. Оние кои се реални знаат дека сево ова е лага. Но тие се обидуваат да ја предизвикаат  руската закана – рече Путин“.

Меѓутоа, токму блискиот соработник на Путин, Дмитри Медведев е тој што постојано употребува вакви закани. И по изјавите на Путин за „имагинарна руска закана“,  на 18 и 19 февруари 2024 повеќе медиуми објавија дека Медведев се закани со нуклеарен напад врз Вашингтон, Берлин и Лондон: „Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев повторно му се закани на Западот со сеопфатна нуклеарна војна доколку Русија по војната во Украина се врати на своите граници од 1991 година“, известија медиумите.

Како што укажуваа минатата година проверувачите на факти на „ЕУ вс.Дисинфо“, дезинформаторската тактика на Кремљ „го експлоатира стравот од нуклеарни, хемиски и биолошки оружја“. Разобличувајќи ја дезинформацијата дека „Русија не претставува закана за никого“, тие наведоа бројни изјави на високиот руски функционер Медведев, во кои има закани за употреба на нуклеарно оружје.

Затоа, последните закани на Медведев за глобална војна со употреба и на нуклеарно оружје, се уште еден демант на тврдењата на Путин дека на Запад се обидуваат „да го заплашат сопственото население со замислена руска закана“.

И тврдењата на Путин за „имагинарна руска закана“, и реалните закани со нуклеарно оружје на Медведев, се дел од тактиката на Кремљ за дезинформирање и пропаганда. Затоа, обврска на медиумите е да ги проверуваат и да не ги пренесуваат некритички ваквите тврдења.

Latest Posts

Не пропуштај