Последни написи

Казните ќе стигаат во плик, а во нив и фотографија – Наскоро ако сте згрешиле во сообраќајот, а ве фатила камера ви нема бегање од казна!

Казните од новопоставените камери ќе стигаат во плик, а во нив најверојатно ќе има и фотографија од возилото на која се гледа и табличката со датум и време на извршеното прекршочно дело.

Новите камери кои се инсталирани на повеќе локации низ Скопје се поставуваат во рамките на проектот „Безбеден град”.

На прашањата дали се планира воведување на казни за брзо возење, поминување на црвено светло и слични сообраќајни прекршоци кои се регистрирани од овие камери, од Министерството велат дека тие сè уште се поставуваат и дека откако сите предвидени ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци.

За ова неодамна зборуваше и поранешниот министер Спасовски:

– Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надграба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред се, во големите градови кадешто имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде кадешто имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност, рече минатата година поранешниот министер за внатрешни Оливер Спасовски во одговор на новинарското прашање.

Извор: Центар

Latest Posts

Не пропуштај