Последни написи

Внимание: Дали доволно го користиме македонското сонце како извор на зелена енергија?

По најтоплиот јануари и сончевиот февруари, екипата на „Внимание, Внимание“ ги прашува граѓаните има ли климатски промени или не.

На прашањето „Дали топлото време е последица на климатски промени или на нешто друго?“, повеќето граѓани одговараат – климатските промени! „- Негрижата за планетата, од страна на луѓето“, потенцира една граѓанка.

На прашањето „Дали доволно го користиме македонското сонце како извор на зелена енергија?“, повеќето сметаат дека не го користиме доволно, иако има иницијативи во таа насока. „Имаме доволно сонце преку целата година, тоа е големо богатство за сите нас“, „Слабо го користиме, ама ќе се поправи“ – укажуваат граѓаните.

YouTube player

Речиси сите граѓани одговорија потврдно на прашањето „Дали на јавните објекти во општините и државата треба да се инсталираат фотоволтаични панели?“ – „Во секој случај, ќе имаме поевтина енергија, нема да бидеме зависни“, вели еден граѓанин.

Дел од граѓаните сметаат дека и со фотоволтаични панели во домаќинствата можеме да ги задоволуваме основните енергетски потреби: „Зошто да не би и домаќинства или мали згради, зошто да не ја искористат својата енергија?“, укажа една граѓанка.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Извор: ТРН

Latest Posts

Не пропуштај