More

    Симоновска и Мулачка за Слободен печат: Некои новинарски истражувачки написи се злоупотребуваат од политичките партии

    Во интервју за Слободен печат, новинарките Мирослава Симоновска и Ирена Мулачка истакнаа дека некои написи кои се резултат од нивата работа, биле злоупотребувани од страна на некои политички партии.

    Мулачка издвои таков пример со пишувањата за скандалот на Онкологија.

    „Некои од написите се злоупотребуваат од политичките партии, таков беше случајот кога Христијан Мицкоски излезе и кажа, еве нови детали за Онкологија, а јас го имав тоа објавено уште во вториот текст, а вкупно објавив 10 текста“ рече таа, додавајќи дека слично било и со Анкетната комисија во Собранието која расправаше за Онкологија.

    Според Симоновска, некои истражувачки стории стануваат повеќе популарни откако инститцуиите ќе постапат по таквите написи.

    „Многу е интересно како неои новинарски истражувања, стории и сознанија добиваат толку големјавен одзив, самозатоа што институциите постапиле. Ако МВР и ОЈО не постапеа за сканадлот на Клиниката за Онкологија, тексотовите на таа тема ќе си ги читавме дома, во редакција и сл.. Самиот институционален одзив, самото тоа што некој покренал постапка е тоа што ја крева цената на некој новинарски текст“ рече Симоновска

    Извор: СлободенПечат

    Exit mobile version