Последни написи

Пачемски: Политички партии се мешаат во енергетиката и ги кочат стратешките инвестиции

Некои работи во Македонија се дефинирани, постојат стратегии, тие стратегии се добро смислени, во случајов со енергетската стратегија, ние имаме и Национална развојна стратегја, која сега треба да се усвои во парламентот на која работеле вистински експерти, за енергетиката експертите се тие кои треба да го кажат последниот збор, а не политичарите, порача новинарот и експерт за односи со јавност, Гоце Пачемски во интервју за Слободен печат.

Според него во Македонија голем дел од проблемите потекнуваат од политичките партии. Тие знаат, рече тој, да ги политизираат сите теми од нашиот живот, но и оваа, енергетиката и да ја банализараат до тој степен за да на крајот, сите тие добри проекти да се закочат

„Пример за тоа е проектот за изградба на хидроелектраната Чебрен. Од технички апсект, работите се сосем јасни, тој проект треба да се изгради, но економиката на тој проект треба да се разгледа, дали ние имаме пари, дали моделот на државна помош односно стратешки инвестиции учество на државата и приватен инвеститор е исплатлив, дали државата многу ќе плати а малку ќе добие. Тоа не би требало да го коментираат луѓе кои разбираат производство на електрична енергија, туки економисти. Кај нас се измешани работите, секој коментира се, вклучувајќи ме и мене тука, но јас го коментирам од аспект на комуникација со јавноста. Јавноста е збунета тотално, затоа што е искривена сликата и темата се политизира. И ние, имаме сериозно добар проект од технички аспект, кој недоволно се анализира од економски апсект и на крај ќе се стави на страна, ќе се чекаат некои други времиња, наводно не било сега време пред избори. Стратешките проекти се политизираат а времето не оди во наша полза, ниту ќе добиеме поевтини и поисплатливи економски модели во иднина за изградба на тие проекти, ниту цената на енергијата ќе се намали, напротив, гледано долгорочно, таа ќе станува се поскапа“ порача Пачемски

Извор: СлободенПечат

Latest Posts

Не пропуштај