Последни написи

Ковачевски: Застојот на преговорите со ЕУ ќе значи и застој на економски раст и растот на платите

„Прекинот или застојот во преговорите значи и прекин и застој на економскиот раст и растот на платите, пензиите и животниот стандард. Тоа го гледавме 11 години. 11 години најниски минимални плати, најниски пензии и само гол популизам“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски при отворањето на изборен штаб во Кисела Вода.

Тој додаде дека на овој народ и на оваа држава не му треба тоа, бидејќо нема нови години за губење.

„Имаме историска шанса да продолжиме по европскиот пат за полноправно членство во ЕУ до 2030 година. Ова ќе биде пресудна година за остварување на оваа државничка цел. Ќе биде пресудна бидејќи сега ќе зависи дали ќе продолжиме или пак ќе заглавиме во изолација. Јас ви ветувам дека и 2024 ќе биде успешна и 2028 ќе ги завршиме преговори и до 2030 година ќе се ратификува нашето членство во ЕУ“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека заклучокот е едноставен, бидејќи СДСМ ги исполнува ветувањата и има резултати со кои може да се гордее, а фактите и успесите се реалност.

Latest Posts

Не пропуштај