Последни написи

„20 дена во Мариупол“ премиерно во КЦ Бруталиск

Документарниот филм „20 дена во Мариупол“, кој е украинскиот двоен кандидат за овогодишните оскари за најдобар документарец и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, неделава ќе се прикажува во КЦ Бруталиск. Филмот е на Мстислав Чернов, носител на Пулицерова награда од 2023 и претседател на украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција e на Associated Press и Frontline

„20 дена во Мариупол“ е филм за украински воени репортери од Associated Press затекнати во опсадата на најнастраданиот и речиси уништен град на истокот на Украина и нивно сведоштво за страдањата на цивилите и херојските подвизи на бранителите на градот. Како последни меѓународни набљудувачи во Мариупол, тие ќе ги снимат ужасните снимки за неговото уништување кои подоцна ќе го обиколат светот и ќе сведочат за злосторствата на руската армија.

По проекцијата во четврток 23.02.2024, во КЦ Бруталиск ќе се организира разговор по повод двегодишнината од руската агресија врз Украина со Сеад Ризвановиќ, новинар и воен аналитичар.

Инаку, авторот на филмот, Чернов повеќе од десет години работи за Associated Press покривајќи конфликти, општествени прашања и еколошки кризи во Европа, Азија и на Блискиот Исток.

„20 дена во Мариупол“, покрај двојната номинација за Оскар, е наградуван на десетици фестивали за документарни филмови, а на минатогодишниот Санденс ја доби наградата од публиката за најдобар документарен филм.

Распоред на проекции:

21.02 – среда 20ч.

22.02 – четврток 19ч.,

разговор со Сеад Ризвановиќ, новинар и воен аналитичар – 20:30ч.

23.02 – петок, 19ч.

25.02 – недела, 20ч.

26.02 – понеделник 20ч.

Извор: НоваТВ

Latest Posts

Не пропуштај