Последни написи

(ВИДЕО) „Полиграф“: Кој ги ширеше дезинформациите на Путин дека Украинците се чувствуваат како Руси?

Медиумите честопати пренесуваат неточни информации од раководството на Руската федерација. Тоа се случи и со дезинформациите изнесени од рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто со Такер Карлсон.

На 9 февруари 2024, порталот „Република“ објави текст со наслов: „Путин во интервју за Такер Карлсон: Украинците се чувствуваат како Руси – рускиот народ повторно ќе се обедини“. Во текстот е акцентирано тврдењето на Путин дека „Украинците се уште се чувствуваат како Руси, а ова што се случува е елемент на граѓанска војна“.

Но, ова тврдење не е точно. Мнозинството Украинци не се чувствуваат како Руси ниту сега, а ниту кога Украина била дел од Советскиот сојуз. На пример, во пописот на населението во 2001 година, над 37.5 милиони жители или 77.8% се изјасниле како Украинци. И според руски демографски извори, во пописот на населението во 1989 во Украинската ССР, над 37.4 милиони се изјасниле како Украинци, а во пописот во СССР од далечната 1926, над 31 милиони жители се изјасниле како Украинци.

И тврдењата на Путин за „граѓанска војна“ се манипулации. Всушност, Русија е таа што изврши агресија врз Украина, која е осудена со резолуција на Генералното собрание на ОН од 2 март 2022, за која гласаа 141 земја.

Ова е само дел од бројните дезинформации изнесени од Путин во интервјуто со Такер Карлсон, кои беа разобличени од повеќе светски медиуми и проверувачи на факти. За жал, многу медиуми кај нас не ги исполнија нивните професионални обврски, некритички ги пренесоа непроверените изјави на Путин и ја дезинформираа нивната публика.

Latest Posts

Не пропуштај