Последни написи

Постапка за регистрација како индивидуален земјоделец, повисоки субвенции и можност за грант

Во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година е предвидена дополнителна помош од 20% на носител на семејно-земјоделско стопанство кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Исто така во најголемиот дел од повиците за грантови кои ги објавува министерството за земјоделство при бодувањето предност имаат индивидуалните земјоделци.

Постапка за регистрација како ИНДИВИДУАЛЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ.

Земјоделска дејност може да врши физичко лице чие работење не ја надминува земјоделската дејност од помал обем и е запишано во регистарот на индивидуални земјоделци. Земјоделска дејност која според посебен закон добива и карактер на трговска и друга дејност не го губи својот основен карактер како земјоделска дејност.

Под земјоделска дејност, во смисла на овој закон, се подразбира производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи.

Под земјоделска дејност се подразбира и одгледување на добиток и другистопанско-корисни животни, како и пласман на нивните производи.

Како земјоделска дејност од помал обем според Законот за вршење на земјоделска дејност се смета вршење на земјоделска дејност лично од страна на земјоделецот и најмногу десет вработени вклучувајќи ги и членовите на семејството како и најмногу пет сезонски работници. Индивидуалниот земјоделец чие работење ја надминува земјоделската дејност од помал обем должен е да се регистрира како трговец.

Индивидуалниот земјоделец може да врши земјоделска дејност ако ги исполнува следниве услови:

  1. Дејноста да ја врши на земјоделско земјиште на кое има право на сопственост или го има добиено врз правна основа од сопственикот,
  2. Да е полнолетен,
  3. Да има општа здравствена способност,
  4. Да не е во работен однос или пензионер
  5. Со правосилна пресуда да не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење дејност,
  6. Да ги има намирено пристигнатите даночни обврски и други јавни давачки и,
  7. Да не е запишан во трговскиот регистар.

За вршење на земјоделска дејност како индивидуален земјоделец истиот поднесува барање до подрачната единица на МЗШВ за упис во регистарот во местото каде се наоѓа земјоделското земјиште на кое се врши дејноста.

Потребни документи за регистрација:

  1. Барање за упис во регистарот на индивидуални земјоделци
  2. Доказ за државјанство
  3. Доказ за правниот основ за користење на капацитетите

–    нотарски заверен документ за користење земјиште под наем или

–    имотен лист за сопственост

  • Доказ дека не е изречена мерка безбедност забрана за вршење дејност со правосилна пресуда
  • Доказ дека нема неподмирено даночни обврски од Управа за јавни приходи
  • Доказ дека не е запишан во трговски регистар

Постапката за упис во Централен регистар на РМ се одвива преку едношалтерски систем. Лицата треба да се пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство каде ќе го поднесат барањето за упис во регистарот на индивидуални зејмоделци заедно со сите потребни документи. Подрачната единица по службена должност ја поднесува севкупната документација до Централен регистар на РМ. По завршување на постапката за регистрација, документите треба да се заверат кај нотар.

Во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година е предвидена дополнителна помош од 20% на носител на семејно-земјоделско стопанство кој е
регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење земјоделска
дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското
и инвалидското осигурување.

Извор: Бриф.мк

Latest Posts

Не пропуштај