Последни написи

Николовски: Секогаш подобро и повеќе да се работи, но тоа мора и треба да биде исклучиво земјоделска политика базирана врз реалните потреби на земјоделците

Незадоволството европските земјоделци доаѓа од нивните колеги од Германија кои кон крајот на декември се мобилизира против реформата на оданочувањето на дизелот во земјоделството од страна на владата на канцеларот Олаф Шолц.
Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вели дека сликата на протести кај нас ја нема, благодарение на како што вели отворената, искрена и директна комуникација со земјоделците. Политиките во земјоделието се креираат исклучиво заеднички без наметнување нешто на сила.
„Постојано сме на терен и директно од земјоделците го слушаме гласот, нивните критики, сугестии и предлози и заедно создаваме мерки. Активирани се сите постојани подсекторски групи во министерството, каде членуваат директно земјоделците, здруженијата на земјоделците и стручната јавност. Токму во овие подсекторски групи се потврдуваат сите мерки што министерството заедно со земјоделците ги носи, а повторно го активиравме и Агро Советот како највисоко тело во земјоделството. Вака креираните мерки докажано дале резултат. Мерките се креирани директно со земјоделците и прифатени од нив. Не се наметнува ништо со сила, како што беше пракса од една друга влада. Пример за ваквата успешна сорабтока е и новиот модел за субвенционирање, голема реформа, која заедно со земјдоелците од почеток до крај ја водевме, подтврдена од сите подсекторски групи и Агро Советот. Затоа нема никаде да видите реакции или протести на земјоделците од новиот модел, бидејќи се беше јавно и транспарнетно, со нивна директна вклученост“, вели Николовски.
Николовски вели дека може секогаш подобро и повеќе да се работи, но тоа мора и треба да биде исклучиво земјоделска политика базирана врз реалните потреби на земјоделците.
„Ние не сме министерство кое чека да има проблем, туку уште во почетокот на некоја мака од земјоделците бара решение. Никогаш ниту еден земјоделец не бил оставен сам, поддршка се обезбеди и за време на КОВИД кризата, и за време на економсктата криза како последица од војната во Украина. Креиравме Интервентен фонд каде имаме обезбедено буџет за поддршка на земјодоелците во услови на криза, отворена програма која во секое врме во зависност од потребите може да се крираат мерки. Дали можеме повеќе и подобро? Секако дека да. Заедно со земјоделците можеме уште повеќе да направиме за македонското земјоделство“, додава Николовски.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изминатата 2023 година ја оценуваат како исклучително значајна и полезна за земјоделците.
Од МЗШВ велат дека успешно ја заокружиле ИПАРД 2 програмата, потврдувајќи го лидерското место во реализација на програмата, со 100% реализација и нула евра повраток на средства.

Latest Posts

Не пропуштај