Последни написи

Ковачевски: Нашите министри ќе предложат бесплатна промена на возачките дозволи до крајот на годината

„Нашите министри денес на седницата на Владата ќе предложат решение со кое ќе може замената на возачките дозволи до крајот на годината да биде бесплатна. Да биде на трошок на државата, за да може и тој процес да се реализира до крајот на годината како што треба“ изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Куманово.

Тој додаде дека недостасувале затоа што пандемијата ги нарушила каналите на снабдување и процесот на производство на материјали за документи.

„Обезбедувањето на обрасците е сложен процес. Тие се произведуваат во Германија, не кај нас“, објасни Ковачевски.

Вчера Собранието, на предлог на пратеничката група на СДСМ, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината.

Latest Posts

Не пропуштај