Последни написи

Манолева: Не смееме да дозволиме политички игри да ја стават под ризик работата на здравествените работници

„Нашите доктори и здравствени работници се една од најголемите вредности во нашата држава. Тие ги заштитуваат нашите животи, го подигнуваат квалитетот на здравство и се борат за нашата здравствена состојба. Ние не можеме и не смееме да дозволиме ваквите политички игри да ја стават под ризик работата на здравствените работници“ рече заменик министерката за здравство Маја Манолева.

Таа кажа дека Владата обезбедила вработување на 1117 лица во јавното здравство, со што се решава статусот на најголемиот дел од вработените со договор на дело.

„Овие вработувања се блокирани од страна на дополнителната заменик министерка за финансии, Елена Петрова, само неколку дена пред изборите, без посебна причина, без тронка одговорност кон вработените во здравствените установи и без тронка грижа кон пациентите на кои им е потребна професионална грижа и нега. Ова не може да се дозволи“ рече Манолева на прес-конференција.

Таа додаде дека никој не смее да си игра со судбината на 1117 млади здравтвени работници и не смее функционерите во извршната власт да бидат главната пречка во работата на здравствените установи.

Latest Posts

Не пропуштај