Последни написи

Конегеретивната централа што ќе ја гради Митилинеос ќе произведува 1.150 гигават часови електрична базна енергија

Конегергетивната централа во Скопје, што ќе ја гради мултинационалната компанија со потекло од Грција Митилинеос е инвестиција од 290 милиони евра, а ќе има годишно  производство на околу 1.150 GWh електрична базна енергија. Ова е една од четирите стратешки инвестиции во енергетиката што треба да ја зајакнат енергетската независност на земјата, пишува „24 инфо“.

Процесот на реализација на оваа инвестиција започнува уште во 2022 година кога на објавениот Јавен повик, Митилинеос поднесува  барање за утврдување на статус Стратешки инвестиционен проект.

Стратешкиот инвестиционен проект на Митилинеос предвидува развој, изградба и работење со комбинираната постројка за топлинска енергија и електрична енергија во Скопје.

Станува збор за изградба на високо-ефикасна когенеративна постројка за производство на топлинска и електрична базна енергија кој би била лоцирана во индустрискиот комплекс Железарница, во Скопје и која би почнала со работа за околу три години од денес, пишува „24 инфо“.

Извор: 24Инфо.мк

Latest Posts

Не пропуштај