More

    Брисел ќе расправа за нашите пасоши

    ЕУ ќе утврдува заедничка позиција како да ги третира македонските граѓани што ќе останат без важечки патни исправи

    Работна група во Европската унија идната недела ќе расправа како да ја имплементира одредбата од Преспанскиот договор според која од 13 февруари  сите пасоши мора да го содржат името Република Северна Македонија

    Ова го најави амбасадорот на Белгија за Македонија, Фредерик Мерис во интервју за „Независен“, оценувајќи дека ќе биде лошо ако ЕУ нема заедничка позиција околу имплементацијата и ако земјите членки поединечно одлучуваат како да ги третираат македонските граѓани со невалидни пасоши.

    Дали ќе има флексибилност во примената на законската обврска за пасошите, сѐ уште не може  да се каже.

    „Не знаеме сѐ уште како Белгија ќе ја имплементира промената и како ќе ги третира вашите граѓани без валиден пасош, сѐ уште немаме одговор на тоа. Сепак, тоа е дел од одговорноста на претседателството на ЕУ. Ние ќе имаме состанок на почетокот на идната недела на европско ниво. Има работна група во рамките на ЕУ која се справува со вакви прашања и ќе работиме за да утврдиме заедничка позиција за земјите членки. Најлошо ќе биде ако се случи луѓе да  поминуваат низ Унгарија и одат во Србија, а Австрија да има друга позиција  – тоа е нешто што сакаме да го избегнеме. Така што, во основа, да, ние мора имаме повеќе јасност  идната недела околу ова прашање.

    Штета е што оваа ситуација не била предвидена или избегната однапред, но тоа е ситуацијата со која се соочуваме сега. Ние сѐ уште ги согледуваме сите аспекти на ова прашање, вклучувајќи ја и легалната рамка“, изјави амбасадорот Фредерик Мерис.

    Целото интервју со амбасадорот Фредерик Мерис ќе биде објавено в недела.

    Извор: Независен

    Exit mobile version