More

    Бојаровски: Падна уште еден бастион кој го негираше македонскиот јазик

    Зборувајќи за употребата на македонскиот јазик, неговата позиција во меѓунардони рамки, главниот и одговорен уредник на порталот Рацин.мк, Зоран Бојаровски истакна дека во последните неколку години македонскиот јазик доживува силна меѓународна афирмација.

     

    Бојаровски истакна дека преку преговарачката рамка, преку скриниг процесот македонскиот јазик е целосно признанен од сите земји членки на ЕУ, а по пристапувањето на државата, тој ќе стане официјален и рамноправен со сите останати јазици на Унијата.

     

    Дека позицијата на македонскиот јазик во светот е зајакната, Бојаровски го даде примерот со божиќното послание на македонски јазик на Цариградскиот партијарх.

     

    „Падна уште еден бастион кој го негираше македонскиот јазик, бидејќи Цариградската патријаршија, низ историјата доминантно преку поглавари и политики што ги има утврдено, е водена од грчки свештеници и припаѓа на грчкиот круг на цркви. И таа црква годинава за првпат го објави божиќното послание на македонски јазик. Тоа е голем историски преседан. Знаете како, еден грчки свештеник, прв меѓу еднаквите во светот да го напише и да го потпише посланието на македонски јазик, тоа е она што го велам, пад на последниот бастион од тој тип на негирање на македонскиот јазик или неприфаќање за неговото постоење, падна и тој веќе не постои и тоа е еден голем пробив за афирмацијата на македонскиот јазик, дури и во тие црковни кругови“ заклучи Бојаровски.

    Exit mobile version