Последни написи

Петровска: Треба да се издигнеме на едно повисоко ниво, кога зборуваме за европска интеграција на нашата држава, да зборуваме за идеологии на политичките партии

„Албанската опозиција треба да се занимава со прашања кои се од интерес на државата. Жалам што сеуште во Северна Македонија постојат предзнаци на албански и македонски партии, мислам дека треба да се издигнеме на едно повисоко ниво, а тоа е кога зборуваме за европска интеграција на нашата држава, треба да зборуваме за политички партии по однос на нивната идеологија и то ашто сакаат да го постигнат. Интерес на секоја опозиција е да дојде на власт , меѓутоа, како ќе дојдат на власт и што ќе направат и како ќее се претставите пред граѓаните и каква прогресивна програма ќе претставитее е обврска и на нив и на политичките партии кои се дел од власта,“ рече министерката за одбрана и претседавач на Централниот одбор на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата Само Интервју на Канал 5 Телевизија.

Таа посочи дека навлегување на една иста националналистичка реторика кој е поголем албанец или македонец, не враќаат наназад , таа реторика ја имавме порано и е завршена.
„Знаеме кои сме македонци, кои сме турци, роми..но, исто знаеме дека секој еден од нас без разлика што сме, кои од нас работиме за интересите на државата, а кои против. Се помалку ќе се зборува за реална програма и предлози, мерки и активности, како се наближуваат изборите, кои се дел од она што граѓаните од нас очекуваат да видат, дел од нивното секојдневно живеење, а се повеќе ке ја гледаме и слушаме таа националистичка реторика. Не мислам дека ако имаме позасилена националистичка реторика, сме поголеми патриоти, поголем патриот е оној кој ќе гип одобри условите за живот во државата,“ посочи Петровска.

Извор: Канал5

Latest Posts

Не пропуштај