Последни написи

Богоев: Главните придобивки на едношалтерскиот систем е побрз проток на стоки и услуги на границите и поголема конкурентност во ЕУ

Со финансиска поддршка на Светска банка започнавме со активности за
реализација на Проектот за забрзување на транспортот и трговијата на Западен
Балкан чија цел е забрзана интеграција во ЕУ имплементацијата, а четири милиони
долари се наменети за развој и имплементација на Национален едношалтерски
систем, рече директорот на Царинската управа, Стефан Богоев на настанот за
промоција на проектот за едношалтерски систем.

-Во 2023 година, вкупниот обем на трговската размена е 17,8 милијади евра, или
во превод над 1,5 милиони декларации кои ги го обработила Царинската управа,
тоа значи дека над еден милион камиони со стока влегле и излегле од државава.
Исто така секој увоз и секој извоз се одвива врз основа на претходна дозвола која
се издава преку EXIM системот, а секој секој влез и излез е контролиран од околу
700 царински службеници кои истовремено треба да овозможат побрз проток на
легалната трговија, но истовремено да го спречат секој шверц и обид нелегална
трговија, појасни Богоев.

Токму затоа, според него новиот едношалтерски систем е целосно нов систем, а кој
ќе го замени досегашниот EXIM систем, и ќе овозможи забрзан економски раст и
развој на државата.

-Главните придобивки на Националниот едношалтерски систем се издавање
дозволи за увоз, извоз и транзит „под еден покрив“, целосна дигитализација на
процесите на плаќања, анализа на ризик за сите институции кои издаваат дозволи,
размена на податоците со системот на Србија и Албанија, а понатаму и со
останатите земји, како и унапредување на статистичките податоци и зголемување
на транспарентноста, појасни Богоев.

Според него ова значи дека ќе се скрати времето и трошоците за бизнис
заедницата, тоа ќе овозможи поголема конкурентнос, компаниите ќе прават повеќе
профит и ќе плаќаат повеќе даноци, а на тој начин ќе може да вработуваат повеќе
луѓе што е главната цел на Царинската управа.

 

Latest Posts

Не пропуштај