More

    Владата именуваше нов директор на Агенцијата за филм

    Како што дознава 24инфо.мк денеска на седница на Владата разрешен е досегашниот директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски поради истек на мандатот.

    За нов директор Владата го именува Владимир Ангелов.

    Претходно, Владата објави Јавен оглас бр.06/2024 за именување на директор на Агенцијата за филм, во дневните весници „Слободен печат“ „Вечер“и „Коха“, во изданијата кои излегуваа на 18.1.2024 година (четврток) рок 15 дена, до 1.2.2024година.

    На огласот пристигнати биле три апликации и тоа од: Бојан Лазаревски, Гена Теодосиевска, Владимир Ангелов.

    Извор: 24инфо

    Exit mobile version