More

    Теории на заговор

    Дознајте во помалку од една минута што се теории на заговор!

    Теорија на заговор е верување дека мала група моќни луѓе спроведуваат тајни операции во сопствена корист, на сметка на општеството.

    Примери:

    Нов светски поредок: Теорија на заговор за тајна елита (Илуминати), која владее со светот преку авторитарна светска влада.

    Ромео џихад: Исламофобична теорија на заговор според која муслиманските мажи, преку брак, ги конвертираат хиндуските жени во ислам за да завладеат со Индија преку демографски раст на муслиманите.

    5G заговор: Ненаучно верување дека 5G технологијата влијае врз здравјето на луѓето и предизвикува болести како што е КОВИД-19.

    Рептили: Теорија на заговор, според која светот го контролираат вонземјани – рептили во човечки облик – кои добиваат политичка моќ за да владеат со човештвото.

    #ОслободиГоУмот

    ЛИНК ДО ПУБЛИКАЦИЈА

    Извор: ЦивилМедиа

    Exit mobile version