Последни написи

(ВИДЕО) „Полиграф“: Кој објави погрешни информации за Индексот на перцепција на корупцијата 2023?

Резултатите од индексите на меѓународните организации честопати се пренесуваат погрешно, особено во онлајн медиумите. Таков е случајот со „Индексот на перцепција на корупција за 2023 година“ на Транспаренси интернешел што беше актуелен деновиве.

На 30 јануари 2024 порталот „Плусинфо“ објави наслов: „ПОЛОШИ ОД АЛБАНИЈА И ОД ЦРНА ГОРА, ПОДОБРИ ОД СРБИЈА И ОД БУГАРИЈА? Македонија напреднала според индексот на перцепција на корупцијата“. Во текстот на порталот се тврди: „Албанија има напреднато за една позиција и се наоѓа на 67 место со 45 индексни поени. Бугарија има напреднато за две места и се наоѓа на 98 место со 37 индексни поени“.

Но, ако се погледа „Индексот на перцепција на корупција за 2023 година“, таму стои дека на 67 место e Бугарија, а не Албанија, а дека на 98 место е Албанија, а не Бугарија, како што се тврди во текстот на порталот.

Накусо, иако е вистинито тврдењето дека Северна Македонија напреднала според Индексот на перцепција на корупцијата, не е вистинито дека е полоша од Албанија, а подобра од Бугарија, туку обратно.

Овој случај е типичен пример дека отсуството на проверка на факти кај медиумите може да доведе до погрешно информирање на публиката. Медиумите и новинарите треба да бидат повнимателни и да ги проверуваат податоците пред да ги објават, затоа што може да ја доведат во заблуда публиката, но и да ја изгубат нејзината доверба.

Latest Posts

Не пропуштај