Последни написи

Костадиновска-Стојчевска: Достоинствено го одбележавме раѓањето на великанот Гоце Делчев, онака како што доликува на две соседски држави кои промовираат европски вредности

„Оваа година мирно и достоинствено ја одбележавме 152 годишнина од раѓањето
на великанот и наш национален херој, Гоце Делчев, онака како што доликува на
две соседски држави кои промовираат европски вредности. Ова е позитивен знак
дека провокациите и реториките од страна на радикални поединци и групи кои
имаат за цел да предизвикуваат револт и тензии кај граѓаните не наидуваат
поддршка од мнозинското население во Северна Македонија и Бугарија.

Треба да имаме предвид дека интензитетот на тензиите беше најголем кога Бугарија се соочуваше со тешка политичка криза и кога на прашањето Македонија и на нашата
европска интеграција се собираа политичките поени. На ова ако се додадат и
стравовите кои ги сееа ВМРО-ДПМНЕ и Левица дека сме останале без македонски
јазик, идентитет и дека сме биле под бугарски диктат, лесно може да се заклучи
дека радикалните националистички политики не носат ништо освен конфликти,
тензии, неизвесност и состојба на немир за граѓаните. Таквите политики може да
одат во прилог само на оние кои сакаат да ја кочат Северна Македонија на патот
кон ЕУ и на кои не им одговара Македонците и македонскиот јазик да се дел од
ЕУ, вели Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за Прес 24.

Таа додаде дека најважна е меѓусебната комуникација и соработка и пристапот во
неа. Важно е да пратиме порака дека во интерес на двете држави е напредокот на
Северна Македонија кон ЕУ и дека меѓусебното почитување и зближување на
двата народи носи придобивки на граѓаните од двете страни на границата.
„Сме покажале изминатите години дека кога двете страни работиме во духот на
добрососедството и европските вредности и принципи доаѓаме до решенија на
отворените прашања и никој не излегува како губитник, напротив сме добиле и
како држава и како граѓани. Верувам дека уставните измени ќе се случат час
поскоро после избори, а Бугарија ќе даде конкретна и јасна поддршка на нашата
евроинтеграција и како сосед, членка на ЕУ, ќе помогне во забрзување на
процесот“, заклучи Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Latest Posts

Не пропуштај