Последни написи

Нова страница во политичкото и општествено ангажирање на Ромите во Македонија

Во обраќањата на овој настан се препозна исцртувањето на новиот стратешкиот пат кон напред, препознавајќи ја внатрешната врска помеѓу просперитетот на Ромите и благосостојбата на македонското општество во духот на насловот со кој се организираше овој настан -„Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“

Во организација на Фондацијата Ромите за демократија – членка на пан-Европската мрежа на новоформираната Фондација Ромите за Европа, со посебна улога да го унапреди политичкото учество на Ромите, синоќа се одржа настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“  .

Настанот, кој како што беше најавен во пресрет на неговото одржување, освен што има за цел да ги направи видливи активностите на Фондацијата Ромите за демократија, и, пред сѐ, да го зајакне демократското учество на Ромите во општеството, да ја зајакне заедницата во делот на политичка едукација, со тоа и во политичко учество, понатаму и во политичка репрезентација и да се работи, не само во јакнењето на граѓанските, туку и на политичките права на заедницата.

Извршната директорка на Фондацијата Ромите за демократијата  Селвије Мустафа Алкан на отворањето на настанот истакна дека тој е организиран за да се афирмираат културните, социо-економските и демократски придонеси на Ромите во нашата држава.

Извршната директорка на Фондацијата Ромите за демократијата  Селвије Мустафа Алкан

„Наша цел е да ја изразиме колективната волја и клучните приоритети преку креирање на заедничка визија, пристап и иницијатива за идната нова ромска политика за нови реални позитивни промени и ќе улествува во подобрувањето на демократијата во нашата држава“, нагласи Селвије Мустафа Алкан.

Овој нов пристап во политичкото артикулирање на прганизираното политичко и општествено делување, потанцираше и во своите претходни јавни настапи извршната директорка на Фондацијата Ромите за Македонија, во наредниот период ќе го стави фокусот на кампања за изборен интегритет, што ќе се однесува непосредно пред изборите, за да се зајакне гласот на Ромите во делот на политичкото учество.

И во обраќањата на останатите лидери на Ромите кои зедоа учество на овој настан се препозна исцртувањето на новиот стратешкиот пат кон напред, препознавајќи ја внатрешната врска помеѓу просперитетот на Ромите и благосостојбата на македонското општество во духот на насловот со кој се организираше овој настан -„Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“.

Жељко Јовановиќ, директор на Open Society Roma Initiatives Office

Во своето обраќање Жељко Јовановиќ, директор на Open Society Roma Initiatives Office, истакна дека за прашањата кои ги засегаат Ромите не е доволно да се чека само владините политики, ниту на ЕУ и стави акцент акцент на стратегиите кои треба да произлезат од Ромите и ромската заедница за да се оствари потенцијалот на Ромите.

„Ние сме толку силни кога сме обединети колку што сме слаби кога сме поделени“, со оваа мисла го започна својот говор Фатима Османовска, претседателка на Општинскиот Совет на Шуто Оризари и истакна дека треба да продолжи борбата против дискриминацијата на Ромите со којашто сѐ уште се соочува оваа заедница.

Низ презентацијата на учесниците на настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“ беа истакнати и досегашните придобивки од активностите и иницијативите на Ромскиот образовен фонд, од Иницијатвивата за економски развој на Ромите (РЕДИ), од Европскиот ромски институт за уметност и култура, како и од некои други од Стратегијата за инклузија на Ромите.

На настанот присуствуваа и претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Во вториот дел од настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“ беше одржан концертот на Roma: The Force Of Nature, насловен „Хармонизирање на нациите: Ромите- пулсот на единството на Западен Балкан“, со композиции и аранжмани на Бекир Халити.

Р. Р.

Извор: Рацин.мк

Latest Posts

Не пропуштај