More

    Бојмацалиев: „Црната листа“ на САД ја преточуваме во конкретни законски решенија за санкционирање на лицата кои прават криминал

    Со нашите стратешки партнери, САД и ЕУ, продолжуваме да ги зајакнуваме
    владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата, порача во
    интервју за порталот 24инфо.мк Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик
    министер за внатрешни работи.

    Според него, во изминативе години системот покажал капацитет за борба против
    организираниот криминал и корупцијата.

    „Затоа бележиме и напредок во Индексот за перцепција на корупцијата, скок од 9
    места за една година, или 31 место од 2017 година. Тука би потсетил на
    резултатите на МВР под водството на Оливер Спасовски во делот на борбата
    против корупцијата, односно само во 2023 година утврдени се над 64 коруптивни
    злоупотреби, откриени 121 кривични дела, со вкупно 178 сторители, при што
    причинета е материјална штета од над 350 милиони денари. Откривачката функција
    на полицијата во 2021 година беше зголемена за дури 50%. Од страна на ОСОСК во
    временскиот период од 2017 – 2023 година само за кривичното дело „Злоупотреба
    на службената положба и овластувања“ биле поднесени вкупно 44 кривични
    пријави против 170 физички и 2 (две) правни лица“ рече Бојмацалиев.

    Во однос на законските измени што се однесуваат на таканаречената „Црна листа“
    на САД заменик министерот истакна дека тие ќе бидат важен механизам за
    санкционирање на лицата кои прават криминал, ги корумпираат институциите и го
    рушат владеењето на правото

    „Продолжуваме со уште позасилена борба против корупцијата со нови мерки и
    реформи, да победат чесните наспроти корумпираните. „Црната листа“ или листата
    на санкции на САД и Обединетото Кралство ја преточуваме во конкретни законски
    решенија и мерки за санкционирање на лицата што прават криминал, ги
    корумпираат институциите и го рушат владеењето на правото. И самото
    продолжување на преговорите со Европската Унија ќе ги донесе тие долго
    посакувани правила и стандарди кои ја спречуваат корупцијата на сите нивоа“
    потенцира Бојмацалиев.

    Exit mobile version