More

    Агелер: Важно е гласачите да бараат од кандидатите детални планови за иднината, да се информираат и да гласаат

    „Гласачите мора да бараат од кандидатите детални планови за иднината и
    гласачите откако ќе се информираат, треба да гласаат. Мора да гласаат и да го
    изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, бидјеќи ништо
    не се случува случајно и ништо не се постигнува со останување дома“ рече
    американската амбасадорка Ангела Агелер за ТВ24.

    Таа додаде дека се свесни за руското влијание, но истакна дека важна е едукацијата.

    „Постои руско влијание, го има низ целиот регион и свесни сме за тоа. Но,
    прашањето е што прават луѓето околу тоа, без разлика на влијанието, дали е преку
    медиумите, рекламите, социјалните мрежи, троловите? Единствениот начин за
    борба против дезинформациите е едукацијата“ рече Агелер.

    „Знам дека има многу гласачи кои се откажале, дека нема да гласаат, но тоа не е
    вистинскиот одговор“ рече Агелер.

    Exit mobile version