Последни написи

Таравари не подлегна на понудите на Касами, Мицкоски и Курти

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари не подлегна на притисоците и
понудите на албанската опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на Косово да биде
претседателски кандидат на опозицијата.

Во изјава за МИА, Таравари откри дека опозицијата разговарала со него за да биде
претседателски кандидат, но тој им кажал дека не е заинтересиран.

Претходно, во изјава за косовската национална телевизија, претседателот на Беса и
градоначалник на Тетово, Билал Касами изјави дека е разговарано со Таравари да
биде кандидат за претседател и рече дека тој се сметал за соодветен кандидат
Албанец.

Ваквата негова изјава, сепак беше демантирана веднаш од Таравари, кој со ова го
откачува опозицискиот блок и покажува дека тој и неговата партија се насочени
кон Европскиот фронт и европската иднина на земјата.

Latest Posts

Не пропуштај