Последни написи

Според анкетата на главниот опозициски анкетар Европскиот блок ќе освои пратеник повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5

Дури и анкетата објавена во емисијата „Објектив“ на МТВ, од Институтот за политички истражувања – Скопје на аналитичарот Владимир Божиновски, кој е близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека Европскиот блок ќе освои повеќе пратеници од опозицијата во петтата изборна единица, каде што се наоѓаат Битола и Охрид.

Според објавените резултати за петтата изборна единица, за ВМРО-ДПМНЕ се
изјасниле дека ќе гласаат 19,8 отсто од гласачите, за СДСМ 13,6 отсто, за ДУИ 6,1
отсто, за коалицијата „Европски сојуз за промени“ – 2,1 отсто, за Алијанса за
Албанците – 2,8 отсто, за Левица се изјасниле 2,9 отсто и за ЗНАМ – 2 отсто.
Претворено во мандати тоа би значело дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 9 пратеници,
СДСМ 6, ДУИ 3, Алијанса за Албанците 1, исто колку и Левица.

Тоа значи дека Европскиот блок, составен од СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците,
ЛДП, ДОМ, ВМРО-Народна партија би освоиле 10 мандати од петтата изборна
единица, наспроти 9 на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest Posts

Не пропуштај