Последни написи

Дезинформација е дека имало средба меѓу Таравари и Мицкоски во „Белата палата“

Медиумот Клан Македонија објави лажна вест дека наводно во текот на вечерните часови во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, била одржана средба на лидерот на АА, Арбен Таравари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Клан Македонија лажната вест ја поткрепи со наводна фотографија од автомобилот на Таравари во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Дезинформација е дека ова е автомобилот на лидерот на АА, Арбен Таравари во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Таравари на својот Фејсбук профил објави дека дезинформациите објавени вчера во националните медиуми за паркиран автомобил кај штабот на ВМРО се обид да се оцрни неговиот имиџ.

„Никогаш не сум одржувал и не одржувам тајни состаноци бидејќи политиката ја сметам за јавно добро, затоа сметам дека средбите треба да бидат јавни. Овој факт на дезинформација ме натера да се чувствувам лошо за нивото на новинарство кое денес повеќе од кога било е повеќе сензационално отколку професионално. Општествената одговорност на медиумите како четврта сила е многу висока, затоа заедно со професионална комуникација да се потрудиме да придонесеме за општеството во кое живееме“, вели Травари.

Дезинформацијата за средбата Таравари-Мицкоски ја објавиле повеќе медиуми, но и на социјалните мрежи. Порталот Shqip.com објави дезинформација со наслов: „Арбен Таравари влегува во коалиција со ВМРО, за да го подели гласот на Албанците“.

И од ВМРО-ДПМНЕ објавија дека не се одржала средба меѓу Мицкоски и Таравари.

ЦМТ

Извор: ЦивилМедиа.мк

Latest Posts

Не пропуштај