More

    Узунов за Слободен печат: Подобро е реформите што ни се потребни да ги спроведеме заедно со ЕУ

    Ако зборуваме дали членството во ЕУ има алтернатива, треба да кажеме дека има алтернатива, но треба да знаеме дека нема подобра алтернатива од полноправното членство во Унијата, порача во интервју за Студио на Слободен печат универзитетскиот професор Ванчо Узунов.

     

    Според него, на државата и се потребни сериозни, коренити реформи што ќе донесат подобро фунцкионирање на државата, но и повеќе пари и подобар животен стандард, но државата досега покажала дека сама не може во целост да ги спроведе реформите.

     

    „Ако нешто докажавме во овие 30 години е тоа дека ние сами не спроведуваме реформ. Ако некој не дојде од надвор и ако не вети силна поддршка дека ќе добиеме пари плус или ако не не уцени дека ќе ни даде пари да спроведеме реформи, односно ако нема некаков притисок, ние само реформи нема да направиме во целост“ порача Узунов.

     

    Тој смета дека реформите што треба да се донесат првенствено ни се потребни нам како држава, без разлика дали ќе влеземе во ЕУ или не.

     

    „Затоа ни е потребно изодувањето на патот кон ЕУ. И со ЕУ и без ЕУ нам ни се потребни исти реформи,  и затоа е подобро тие реформи да ги направиме со ЕУ како партнер и ментор кој ќе ни даде и знаење и пари“ заклучи Узунов.

    Exit mobile version